Ѓоко Зајков оди во Романија – ќе игра за Универзитатеа Крајова!

Македонскиот репрезентативен стопер Ѓоко Зајков од зимава ќе биде дел на романска Универзитатеа Крајова, објавија романски меидуми, откако овој клуб го завршил трансферот на нашиот дефанзивец од украинска Ворскла Полтава.

Зајков, кој беше дел од златната младинска репрезентација од Еуро 2017, па играше и на сениорското Еуро 2020, досега има 22 настапи за А-тимот, а за Ворскла потпшиша ланската зима, но веднаш потоа почна руската агресија врз Украина, по што привремено играше на заем во софиска Славија, па есенва повторно се врати во Ворскла, а сега се сели во Романија.

- Реклама -