Српскиот сојуз бетер од ФФМ – главното трио „фотелјаши“ си поделиле милион евра награда!

Се сеќавате на циркузот што го направија во ФФМ со поделбата на премиите откако Македонија се пласираше на Евро 2020, па од медот се делеше и за фотелјашите во УО кои заработија по 20.000 евра за ништо? Епа, во соседна Србија, успеаа и ФФМ да ја надминат во самонаградување за полни џебови на функционерите!

Откако на седницата на Извршниот одбор, Новица Тончев обелодени скандал за трошењето на парите од бонусот што Србите го добиле од ФИФА за учеството на СП во Катар, па на удар беше селекторот Драган Стојковиќ – Пикси за наградата од 1,5 милиони евра, посландалозна е поделбата на цел милион евра за тројца функционери и тоа в.д. Претседателот Ненад Бјековиќ, генсекот Јован Шурбатовиќ и спортскиот директор Стеван Дика Стојановиќ.

- Реклама -