Роналдо по историскиот договор: Визијата на Ал Наср е многу инспиративна приказна!

Кристијано Роналдо ја напушти Европа и ќе игра во Саудиска Арабија, откако вечерва и официјално беше промовиран во Ал Наср, потпишувајќи го историски најголемиот договор во фудбалот – 200 милиони евра по сезона.

 

Роналдо во Ријад ќе има кралски третман, основната плата ќе му биде 75 милиони евра, а остатокот од 125-те милиони низ разми бонуси и маркетинг права на приходи, па португалскиот ас ги помести границите за плата во фудбалот откако летово Килијан Мбапе во ПСЖ доби безмалку 100 милиони годишно.

„Среќен сум за новиот предизвик во друга лига, во друга земја. Визијата на Ал Наср е многу инспиративна приказна. Возбуден сум за новиот почеток и едвај чекам да почнам да играм“, рече Роналдо.

- Реклама -