Нејмар намерно добил црвен картон против Стразбур?

ПСЖ синоќа славеше со 2-1 на домашен терен против Стразбур, но победата падна во сенка на црвениот картон на бразилскиот репрезентативец Нејмар.

Бразилецот повторно заработи исклучување, откако се обиде да изнуди пенал со симулирање, па судијата му го покажа патот кон соблекувалната, а потоа дел од навивачите го обвинија Нејмар дека намерно добил црвен картон.

Нејмар заработил исклучување за да не игра на 1 јануари против Ленс бидејќи веќе има договорено забава и сака да одмори од фудбалот.

- Реклама -