Милевски: Не е сè црно и бело, последните мечеви не се слика за Македонија!

Македонската фудбалска репрезентација затвора едно бурно поглавје со завршувањето на 2022 година, кое можеше да биде многу поуспешно, но вака ни покажа до каде ни е потенцијалот, но и колку лесно можеме да паднеме далеку под можностите. Селекторот Благоја Милевски даде своевиден отчет во интервју кое го пласираше Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), на својата веб-страница, во кое ги споделува своите согледувања за годината која изминува.

Македонија ја совлада Италија во Палермо, во март и го потресе светот со таа вест. Дојде на 90 минути до пласман на СП, но потоа загуби од Португалија во Порто со 0-2. Убавите спомени од Сицилија останаа само тоа и не донесоа некаков резултат во предизвиците кои следеа. Македонија имаше потпросечен настап во Лигата на нации со два пораза од Грузија, реми и домашен пораз од Бугарија, а падот го потврдија и пријателските средби со Финска и со Азербејџан есенва, на кои забележавме реми и пораз.

- Реклама -