Џејмс повторно го повреди истото колено поради кое не можеше да игра за Англија на Светското првенство во Катар.
„Џејмс после деталните прегледи, ќе мора да паузира еден месец од терените, откако снимките покажаа дека повтрно ја обнови повредата на коленото“, објави Челси.
Ова значи дека безмалку цел јануари Џејмс ќе го пропушти, но ќе се врати на терен во период кога ќе треба да ја достигне формата за да биде максимално подготвен за стартот на елиминациската фаза во Лигата на шампионите.