Почеток на мисијата со убедлива игра и победа над Црна Гора

Најдобрите македонски ракометари ја совладаа Црна Гора со 38-33 во првиот од двата планирани, денеска и утре во Маврово.

Кире Лазараов го немаше на располагање Филип Кузмановски, кој уште денеска имаше обврска во својот Хановер, а дополнително ги поштеди и Никола Митревски, Петар Атанасијевиќ, Давид Савревски и Александар Петковски.

Потребни беа десетина минути за Македонија да се одлепи, а потоа да дојде и до водство од 9-5. До крајот на полувремто предноста дојде до плус шест, па на одмор заминаа со 19-13. Во вториот дел црвено-жолтите дојдоа и до двоцифрена предност, 33-23 на 10 минути до крајот, па конечниот резултат не беше слика за реалниот однос на силите.

- Реклама -