Халанд откако дојде во премиерлигашкиот првак има 18 гола во елитното друштво од 24-те во сите натпреварувања, па едноставно е незапирлив и само го продолжува извонредниот тренд од повеќе од гол по меч во просек кој го имаше и во РБ Салцбург и во Борусија Дортмунд.
„Ерлинг е опседнат со голови. Веќе има 200 гола на своето конто, така да може лесно да дојде до 600, 700, 800 гола во кариерата. Само треба да остане во ваква форма и да продолжи напорно да работи, да ги прави работите како и досега“, вели Де Брајне.