Објавен доказот: Бензема не бил толку повреден за да не игра на цело СП! (ВИДЕО)

После загубената битка за втора светска титула по ред, почна да излегува влалканиот веш во светскиот великан Франција и тоа најмногу поради скандалот со неиграњето на Карим Бензема и фактот дека ѕвездата на Реал Мадрид дури го одби и претседателот на државата Емануел Макрон да дојде во Доха барем како гледач на финалето за поддршка на „триколорите“.

Бензема два дена пред СП објави дека нема да биде во можност да игра на Светското првенство, но интересно Дидие Дешан не повика никој на негово место, туку на Мундијалот играше со 25 играчи на располагање од можните 26. И откако Бензема се опорави после рехабилитацијата во Реал Мадрид, имаше опција да се врати во тимот, да заигра во заршницата, ама тоа не се случи – откривајќи дека големи проблеми има во националниот тим.

- Реклама -