„Нова“: Војската на Србија поставила топови и хаубици на границата со Косово кај Јариње

Војската на Србија, во копнената безбедносна зона во близина на административниот премин Јариње со Косово, денеска стационираше неколку топови и хаубици од голем дострел, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти порталот „Нова.рс“, распоредувањето на артилериско оружје уследило откако началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, Милан Мојсиловиќ, синоќа итно се упатил кон Рашка.

„Задачите кои ги добија српските вооружени сили и јас како началник ќе бидат целосно спроведени и реализирани како такви. Ситуацијата е сложена, комплексна, бара присуство на вооружените сили на Србија долж административната линија, и во следните периоди Војската на Србија, како праг на мирот и стабилноста, ќе биде насочени кон нивно извршување. Ги имаме сите информации во детали. Мора да знаете дека преземените мерки и добиените задачи ќе бидат целосно исполнети“, изјави Мојсиловиќ за ТВ „Пинк“.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Медиумите во Белград синоќа објавија дека се слушнало рафално пукање во Зубин Поток на Косово, додека некои изјавија дека имало размена на оган меѓу локалните Срби и косовската полиција. Косовската полиција соопшти дека немало инциденти меѓу нејзини припадници и било каква група на северот на Косово.

Претставници на КФОР, како одговор на истрагата на Коха Диторе, соопштија дека имало пукање во Зубин Поток, но дека во тој инцидент нема повредени, а не е причинета материјална штета.

МИА

- Реклама -