Ова го открива новинарот на „Л’Екип“, Роман Молина, кој обелодени што всушност се случувало пред да се донесе конечната одлука околу напаѓачот на Реал Мадрид. Бензема можеше да помогне во нокаут-фазата, но селекторот Дешам и покрај тоа не го повика да се врати во екипата. Информациите на Молина се дека таа одлука ја донел поради притисокот од други играчи.