Анкета: Речиси половина од Германците се против испорака на тенкови „Леопард“ за Украина

Постои широко распространето противење меѓу германското население за снабдување на Украина со тенковите Леопард 2 кои се сметаат за икона на воената технологија на државата, според анкетата нарачана и објавена од агенцијата ДПА.

Репрезентативното истражување на 2.075 испитаници спроведено од институтот ЈуГов покажа дека 45 отсто се против снабдувањето со тенкови кои украинскиот претседател Володимир Зеленски посебно ги побара.

Истражувањето покажа дека 33 отсто се „за“.

Канцеларот Олаф Шолц ги одби повторените барања на украинската влада за борбени тенкови, истакнувајќи дека ниту една друга земја што ги поддржува украинските воени напори не обезбедила оружје од ваков вид. Германците исто така рекоа дека на украинските тенковски тимови ќе им треба интензивна обука за користење на Леопард 2.

Поделбата меѓу населението се рефлектира во владејачката тристрана коалиција. Додека политичарите од Социјалдемократите (СПД) на Шолц се генерално против, многумина од Зелените и либералната ФДП се „за“. Главниот конзервативен опозициски блок, исто така, генерално се залага за обезбедување на тенковите.

Прочитајте и:  Србија се усогласи со пет одлуки на ЕУ, но не и со мерките против лидерите на Придњестровје

Истражувањето покажа дека меѓу општата популација, 41 отсто од поддржувачите на СПД се противат на испораката, а 40 отсто се за. Точно половина од поддржувачите на Зелените го поддржаа снабдувањето со тенкови, а 25 отсто беа против. Во ФДП 42 отсто се против, а 33 отсто за.

Поддржувачите на конзервативните опозициски партии се главно против, а опозицијата е најсилна во десничарската Алтернатива за Германија (АфД), каде 76 отсто се „против“, а само 13 отсто се „за“.

Извор: МИА

- Реклама -