1.5 милијарди долари, 200 камиони опрема, 900 агрегати… се само дел од помошта за Украина за обнова на енергетскиот сектор

Украинскиот премиер, Денис Шмихал, изјави дека поддршката за украинскиот енергетски сектор од партнерите изнесува околу 1.5 милијарди долари. Тој рече дека во Украина веќе пристигнале 200 камиони со опрема за поправка на оштетената инфраструктура.

Шмихал истакна дека Киев добил 30 милијарди долари помош од сојузниците, а само земјите од Г7 ќе помогнат со 32 милијарди долари следната година. Украинскиот Генералштаб објави дека Велика Британија ѝ дала на Украина 900 агрегати за да ѝ помогне да ја помине грејната сезона. На 9 декември Франција испрати 100 агрегати.

Според податоците на Киевската школа за економија, Русија нанела штета на енергетската инфраструктура на Украина во вредност од 6.8 милијарди долари.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

МИА

- Реклама -