ТФТ по само 10 минути избега на +13 (29-16), по што Куманово не успеа драстично да ја стопи разликата и на полувреме замина со негатива од само 10 поени (39-49).
Куманово се приближи на само седум поени разлика (63-70) на стартот на последната четвртина, но скопскиот тим не дозволи изненадување до крајот и триумфира со 82-71.
Најдобар на паркетот беше Глигоријевиќ со 18 поени и 13 скокови, додека Николов со 15 поени, седум скокови и две асистенции беше најефикасен кај ТФТ.