Меси ќе добие уникатно признание кое се доделува еднаш во 30 години!

Лионел Меси со освојувањето на светската шампионска титула пред една недела во Катар го заокружи својот фудбалски опус со трофеј буквално во секое натпреварување во кое настапувал, остварување кое може да биде дополнето со уникатна награда која се доделува еднаш во 30 години.

Станува збор за т.н. „Супер Златна топка“, која ја доделува редакцијата на „Франс Футбол“. За разлика од традиционалната годишна награда на ова списание, за која гласаат надворешни лица, „Супер Златната топка“ се доделува директно од редакцијата и тоа најмногу еднаш во 30 години и само ако редакцијата смета дека постои некој кој ја ептен заслужува.

Шпекулациите се дека Меси би можел наскоро да ја добие, а единствен на кого досега му е доделена е неговиот сонародник Алфредо Ди Стефано во 1989 година.

- Реклама -