Кулибали во Лондон дојде за 38 милиони, Кукурелја за 65,3 милиони, а Фофана за дури 80,4 милиони или севкупно 183,7 милиони евра за три одбранбени играчи, од кои двајца се центрачни дефа нзивци.
Ама на Грахам Потер тоа му е малку, па сега нова желба е Беноа Бадиашил од Монако, кој има само 22 години и веќе 136 меча зад себе, со шест гола и три асистенции, а беше младински репрезентативец на Франција во сите категории, во септември дебитираше и за А-тимот, но Дидие Дешан не најде место за него за Мундијалот во Катар.