Раниери е нов тренер на Каљари кој го најави со една негова фраза од Лестер (ФОТО)

Клаудио Раниери му се врати на фудбалот, тој ќе биде нов тренер на Каљари кој искористи една фраза од неговото време во Лестер при најавата.

Тие објавија слика од традиционално ѕвоно од Сардинија и на него пишува „Дилидин Дилидон“.
 
Тоа се зборови на Раниери кои ги кажа на една прес-конференција како тренер на Лестер кога прашал како ги разбудил неговите фудбалери. Во Англија беше преведено како: „Дили Динг, Дили Донг“.
 
71-годишниот Раниери потпиша договор со Каљари до јуни 2025 година. Неговата цел е да го врати славниот тим во Серија А.
 
Раниери беше тренер на Каљари пред 34 години, тогаш од Серија Ц ги однесе во Серија А.
 

- Реклама -