Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска им соопшти на украинските амбасадори дека САД подготвуваат дополнителни 45 милијарди долари за Украина и глобалната безбедност.
Зеленски по враќањето од Вашингтон повторно ѝ се обрати на јавноста од Киев и вети победа во војната со Русија, а на украинските амбасадори им навести дека САД подготвуваат уште еден пакет помош за Украина во износ од 45 милијарди долари.
Украинскиот претседател се заблагодари и на Холандија за ветената помош од 2.65 милијарди долари, што наредната година ќе биде инвестирана во обновување на уништената инфраструктура и набавка на воена опрема.
Руските напади врз украинската инфраструктура продолжуваат и денеска, а во изминатите 24 часа загинаа најмалку шест цивили, додека 18 се ранети, соопшти денеска украинската Влада.
МИА