Цел свет ѝ се смее: Аргентинка ја истетовира „златната ракавица“, му го утна – презимето! (ФОТО)

Една аргентинска навивачка направи епски кикс, па стана предмет на потсмев од цел свет, откако после светската титула на Аргентина, реши да се тетовира.

Тетоважата што сакаше да ја направи е во чест на голманот и „златната ракавица“ на Мундијалот, Емилијано „Дибу“ Мартинез, па ги нацртала ракавиците со аргентинско знаме, трите ѕвездички како симбол на трите светски титули и најважното го промаши.

Наместо Дибу Мартинез, стои Дибу Фернандез!

 

- Реклама -