ПСЖ сака да „украде“ фудбалер на Јунајтед и тоа уште во јануари!

Манчестер Јунајтед е на добар пат зимава да остане без уште еден фудбалер, кој и не беше премногу користен во ротацијата на тренерот Ерик Тен Хаг, а притоа и добро да заработи со оглед што во улога на „ограбувач“ се јавува супер богатиот ПСЖ.

Станува збор за Бразилецот Фред, за кого „светците“ се подготвени да платат солидна сума за да го имаат во своите редови за вториот дел од сезоната. Тој со „ѓаволите“ има договор до 2024 година, што автоматски значи дека понудата на откуп треба да биде ептен висока.

- Реклама -