Новата мароканска ѕвезда ќе му стане соиграч на Елмас?

Азедин Унахи, кој блескаше во дресот на Мароко на Мундијалот во Катар, преферира трансфер во Серија А, Наполи се посочува како прв фаворит за неговиот потпис.

Азедин Унахи е еден од играчите кои блескаа на Светското првенство и со фантастичните игри во средниот ред на Мароко, го привлече вниманието на многу клубови.
 
Се говореше дека Лестер е подготвен да плати дури 45 милиони евра, но последните информации велат дека Мароканецот има други планови и преферира трансфер во Серија А.
 
Интер е еден од клубовите кои застанаа во редот, но Наполи се посочува како прв фаворит за неговиот потпис, „наполитанците“ во Азедин Унахи гледаат замена за Диего Деме.

- Реклама -