Зеленски од Вашингтон: Следната година мора да ја ослободиме цела Украина (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во првата изјава откако допатува во САД, објасни што е делумно целта на посетата, но и ги најави своите очекувања за натамошниот тек на војната.

„Денеска сум во Вашингтон за да му се заблагодарам на американскиот народ, претседателот и Конгресот за помошта што очајно ѝ е потребна на Украина. И да ја продолжиме соработката, за да се доближиме до нашата победа“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Телеграм, споделувајќи неколку фотографии од пристигнувањето.

Тој додаде дека ќе одржи серија преговори за зајакнување на стабилноста и одбранбените способности на Украина.

„Со претседателот Бајден особено ќе разговарам за билатералната соработка меѓу Украина и САД. Следната година мора да го вратиме украинското знаме и слободата на територијата на целата наша земја, на целиот наш народ“, напиша Зеленски.

Прочитајте и:  Трамп му се јавил на Путин, разговарале за брзо решавање на војната во Украина

Тој веќе стигна во Белата Куќа, каде беше пречекан од американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил.

- Реклама -