Захарова: Опасната политика на Вашингтон ги доведе САД и Русија на работ на директен конфликт

Опасната и кратковида политика на Вашингтон доведе до тоа САД и Русија да се на работ на директен конфликт, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија Захарова.

Изјавата на Захарова е одговор на портпаролот на американскиот Стејт департмент – Нед Прајс, кој изјави дека Русија е виновна за влошувањето на американско-руските односи.

„Единствено напорите на САД да ја одржи американската хегемонија и нивното игнорирање на новата геополитичка реалност, како и арогантната неподготвеност да се вклучат во сериозен дијалог за безбедносни гаранции, доведоа до предвидливиот резултат. По фијаското во Авганистан, САД се вовлечени во нов судир. Не само што финансиски и со оружје го поддржуваат неонацистичкиот киевски режим, туку и го зголемуваат своето воено присуство на теренот“, обвини Захарова.

Посочувајќи дека тоа е опасната и кратковида политика на САД која ги довела двете нуклеарни сили на работ на директен судир, Захарова истакна дека Москва ја повикува администрацијата на Бајден трезвено да ја процени ситуацијата.

Прочитајте и:  Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

„Се надеваме дека ќе нѐ слушнат во Вашингтон, но засега нема причини за оптимизам“, оцени портпаролката на руското МНР.

Таа додаде дека Москва „не се откажува од комуникација со САД“ и дека Русија е „заинтересирана за деескалација на тензиите и за договор“.

„Не се откажуваме од комуникација со САД на разни нивоа, но за барем минимален напредок потребен е и чекор од САД. За тоа се потребни политичка волја, отвореност и подготвеност да се преговара искресно, без скриени карти во џебот. Тоа е она што на Вашингтон во моментов целосно му недостасува“, рече Захарова, пренесува руската агенција ТАСС.

- Реклама -