Невидено: Преку четири милиони на улица во Буенос Аирес на дочекот на Аргентинците! (ФОТО+ВИДЕО)

Буенос Аирес, престолнината на Аргентина не памети вакво нешто, а аргентинските медиуми објавија дека преку четири милиони луѓе се на улица во градското подрачје и на автопатот 25 мај и булеварот 9 јули каде пред Обелискот врие како во кошница.

Пред скоро два ипол часа „гаучосите“ од базата на федерацијата тргнаа со отворениот автобус на прославата за светската титула, ама не се ни близу, ниту можат да стигнат, зашто навивачите блокираа буквално сè, па парадата сега продолжува по други улици, поради стравот за безбедноста, но и фактот дека не постои шанса да се пробие автобусот со прваците до централното подрачје.

- Реклама -