ТФТ по голема борба со продолжение, дојде до првата победа во АБА 2 лигата

ТФТ Скопје ја оствари првата победа оваа сезона во АБА 2 лигата откако по голема борба со едно продолжение славеше со 95-93 во Златибор.

Пред овој мечТФТ имаше пет порази од пет натпревари, па малку шанси им се даваа на овој дуел, сепак македонскиот тим одигра одлична последна четвртина со која дојде до продолжение во кое ја оствари победата.
 
Во последниот период се влезе со водство на Подгорица од 12 поени разлика, но ТФТ ги доби тие десет минути со 28-16, а имаше шанси со последниот напад и да дојде до победа во регуларниот тек, но мечот отиде во продолжение со резултат 83-83.
 

- Реклама -