По неуспехот на Португалија на мундијалот во Катар и елиминацијата од Мароко во четвртфиналето, беше јасно дека Фернандо Сантош нема да продолжи на кормилото и почнаа да кружат гласини за негов наследник.
Жозе Мурињо се посочува како еден од кандидатите, се говореше за можноста „специјалниот“ да извршува двојна улога, односно истовремено да биде и селектор на Португалија и тренер на Рома.