Навивачите на Партизан со минута молк се збогуваа од Михајловиќ (ФОТО)

Кошаркарите на Партизан го пречекаа Анадолу Ефес во 14. коло од Евролигата, пред почетокот на натпреварот имаше минута молк во чест на починатиот српски тренер и поранешен фудбалер Синиша Михајловиќ.

Михајловиќ денеска го загуби животот откако со години водеше битка против леукемијата, а навивачите на Партизан имаа и транспарент со порака на трибините.

„Почивај во мир, Синиша Михајловиќ“, напишаа на еден транспарент.

- Реклама -