Така италијанските медиуми се навраќаат на моментот од 2022 година кога како фудбалер на Лацио одби да игра против својата Црвена Звезда во двомечот од Купот на УЕФА. Михајловиќ, заедно со соиграчот Дејан Станковиќ, исто така црвено-бела легенда, допатува со римскиот тим во Белград, но пред средбата одби да биде во тимот не сакајќи да игра против својот најсакан тим. Истото се случи и на дуелот во Рим, каде што српскиот двоец остана на клупата, а управата на „лацијалите“ не можела ништо да им пререче.