ТФТ ја искористи шансата против принудно ослабениот Пелистер (ФОТО)

Кошаркарите на ТФТ со доминантна игра во текот на целиот меч го добија дербито на 10. коло од Првата лига против Пелистер (95-90), со што му го нанесоа само вториот пораз на противникот и тоа во пресрет на третиот „балон“ од АБА2-лигата во која учествуваат двата тима.

Скопскиот тим го искористи неиграњето на најдобриот противнички играч сезонава, Сеад Хаџифејзовиќ, кој непотребно доби исклучувачка грешка на неодамнешното гостување кај Феникс и тоа во веќе добиен меч за пелистерци. Тој без топка силно го удри Амар Хот под кошот, по што директно беше отстранет од теренот, а воедно и суспендиран од комсарот Александар Милојевиќ. Неговото отсуство и тоа како се забележуваше во играта на зелено-белите, кои со ова ја пропуштија шансата првиот дел од сезоната да ја завршат како првопласирани.

- Реклама -