Зеленски: 95% од Украинците не сакаат компромис, дипломатија кога Путин ќе ги врати границите од 1991-ва

Киев очекува нова голема офанзива на Москва веќе во јануари или февруари, но и натаму не размислува за компромис што би подразбирал нешто друго освен целосно ослободување на Украина, вклучително и на Крим.

Во неодамнешното интервју за „The Economist“, украинскиот претседател Володимир Зеленски повтори дека целта на Украина е да ја ослободи целата територија на државата, она која ја имала од својата независност, што го вклучува и полуостровот Крим кој Русија го анектираше во 2014 година.

Само неколку дена по пораката од Москва дека „Украина мора да ја прифати новата територијална реалност“, Зеленски повтори дека Киев не прифаќа никакви отстапки.

„Ако Путин ги повлече своите сили на границите од 1991 година, тогаш можеме да тргнеме по дипломатски пат. Само тој може оваа војна да ја пренасочи од судир на дипломатски пат. Единствено тој“, рече Зеленски.

Прочитајте и:  Борел: Трамп на чело на САД не е крај на светот, туку почеток на нов, поинаков

Украинскиот претседател тврди дека 95% од Украинците не сакаат да влегуваат во компромис околу територија, но, како што вели, не се работи само за територија, туку и за тоа што „никој не сака да влезе во дијалог со луѓето кои започнаа ваква војна“.

Зеленски истакна дека е „застрашувачки“ да се види како „окупацијата ги променила луѓето“ во градовите кои Украинците неодамна ги вратија под своја контрола.

„Морам да признам дека тој пропаганден модел на Кремљ функционира. Окупацијата ги промени Украинците кои живееја под руска власт. Тие (Украинците) беа како астронаути кои не можат да го симнат тешкиот шлем кој го ограничува она што го гледаат“, рече Зеленски.

Извор: Index.hr

- Реклама -