Арсовска: Сум имала закани од Мицкоски, и тоа конкретно, лично и директно

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, изјави дека конкретно, лично и директно добивала закани од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно со зборовите ‘доколку не го направиш ова, ќе ти се случи тоа и тоа’ или ‘во првиот момент кога ќе станам премиер ќе те влечеме по улици, ќе го бришеме подот со тебе’. Верувам дека, не само жена, туку ниту еден човек не треба да биде ставен под таков притисок. На оној што ги искажува овие закани не треба да му се дозволи ниту еден момент да биде во функција во која што ќе може да ги исполни овие закани“, изјави Арсовска во „Само интервју“ на ТВ „Канал 5.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

Таа ги демантираше шпекулациите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека остварила тајна средба со премиерот Димитар Ковачевски и ги отфрли барањата за нејзина оставка. Потенцирајќи дека таа не планира да се повлече од функцијата, Арсовска порача дека оставка треба да се бара од оние кои, како што рече, во континуитет манипулираат со јавноста и граѓаните.

„Успеа Мицкоски да излезе во медиумите и да каже дека нема да бара моја оставка, но дека не сме знаеле што ќе ми донесе животот и граѓаните ова треба да го осудат. Доколку мислеле дека со ваков притисок ќе предизвикаат да се повлечам, тоа нема да го сторам“, рече Арсовска.

- Реклама -