Рама: Српски војници на северно Косово е надреално, тоа е како Косово да испрати војници на југот на Србија

Оценувајќи ја ситуацијата на северот на Косово како неповолна и загрижувачка, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека барањето на Србија да испрати српски војници на северот на Косово е надреално. Тоа е, вели, како Косово да побара од НАТО да испрати војници за заштита на етничките Албанци во Прешевската Долина.

„Разбирам дека ова можеби е уште една димна бомба на политичка реторика, но тоа е исто толку надреално како што би било ако Косово побара од НАТО да испрати албански војници во јужна Србија за да ги заштити етничките Албанци. Сето ова е многу далеку од она што ни треба. Влеговме во третата деценија откако Косово еднаш засекогаш беше ослободено од Белград. Тоа никогаш повеќе нема да биде под законот на Белград“, рекол Рама пред амбасадорите на традиционалниот новогодишен прием, јави Ора њуз.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Според него, последните ескалации „не се добри за процесот на нормализација меѓу Косово и Србија“.

„Зголемувањето на тензиите на северот на Косово не само што е бескорисно, туку и длабоко загрижувачко. Неверојатно е дека мораме постојано да се справуваме со појавата на барикади, назадување во процесот на нормализација и противпожарните екипи на САД и ЕУ да трчаат да ја спасат машинеријата на дијалогот од пламенот на тешката политичка реторика“, рекол Рама.

Извор: МИА

- Реклама -