„Меси за сè што направи заслужи светска титула за да биде – најголемиот во историја!“

Најуспешниот македонски селектор во историјата Игор Ангеловски, човекот под чија палка ланското лето Македонија првпат играше на едно големо натпреварување, Еуро 2020 е ваш и наш стручен коментатор за Светското првенство во Катар и ги анализира збиднувањата на најголемито фудбалски фестивал. Ангеловски беше македонски селектор цели пет ипол години и од Хрватска посебно ќе ја долови атмосферата кај актуелните светски вицешампиони.

На радост на сите љубители на фудбалот ќе гледаме финале и спектакл помеѓу Аргентина и Франција, две репрезентации кои најмногу прикажаа на ова Светско првенство, предвoдени од двете најголеми ѕвезди во моментов Килијан Мбапе и Лионел Меси, а на трибини ќе биде нивниот газда Ал Келаифи – сите среќни и задоволни.

Ова светско првенство го одбележа „тика-таката“, која замина во историја. Ако до минатото СП, сите селекции кои имаа поголем посед на топка во најголем процент ги добиваа мечевите, сега повеќе не е така и тоа е нешто што посебно би го издвоил на фудбалски план од Катар.

- Реклама -