Амрабат: Жиру беше досаден, ме следеше насекаде – таква задача добил од Дешам

Софијан Амрабат открива дека на мечот против Франција имал посебен проблем со Оливие Жиру кој само ја исполнувал тактичката задача од селекторот Дидие Дешам.

Амрабат има импресивно Светско првенство, фудбалерот на Фиорентина блескаше на Мундијалот во Катар и се промовираше на големата сцена.
 
Поради неговите фантастични партии пред полуфиналето, Дидие Дешам му наредил на Оливие Жиру цело време да биде до Амрабат.
„Нивниот напаѓач, Оливие Жиру ме следеша насекаде во средниот ред. Во еден момент му реков да престане, но тој ми рече дека такви инструкции добил, да ме следи цел меч“, откри Амрабат.
- Реклама -