Лудница во Буенос Аирес – се тресе престолнината од песни за Меси и другарите (ВИДЕО)

Аргентина по осум години повторно ќе игра финале на Светско првенство, шесто во историјата, во недела попладне (16 часот) ќе ја брка третата круна, а Буенос Аирес експлодира вечерва после пласманот во финалето со триумфот со 3-0 против Хрватска.

Аргентинската престолнина се тресе од песни за Лео Меси и другарите, а страстните Аргентинци, сите облечени во дресот на националната репрезентација заборавија на сè – и на тешкиот живот, рецесијата, сиромаштијата…

Фудбалот им е единствена надеж!

- Реклама -