Британско МО: Украина ослободи повеќе од половината од окупираните територии

Британското Министерство за одбрана објави дека украинските сили ослободиле околу 54 отсто од територијата окупирана од руските сили од почетокот на инвазијата на 24 февруари оваа година.

Како што се вели во објавата на Твитер, според Лондон, руските сили во моментов контролираат околу 18 отсто од меѓународно признатата територија на Украина, која вклучува области во источниот регион Донбас, но и Крим – украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година.

 

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари
- Реклама -