Арсенал игра во одлична форма и се наоѓа на лидерското место во Премиерлигата, но „топчиите“ мора да се засилат за да го издржат жестокото темпо до крајот на сезоната, а тренерот Микел Артета веќе почнал со работа.
Англиските медиуми објавија дека Артета ги договорил личните услови со Тилеманс и Мудрик, а сега останува на Арсенал да ја договори висината на отштетата која ќе ја плати за нивните потписи.