Според полицијата, хулиганот што со боксови го удираше бекот на центарци всушност бил вработен во клубот и тоа како – фоторепортер.
„Синоќа во 20:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска сала „Шабан Трстена“ на подрачје на Чаир, за време на одигрување на кошаркарски натпревар помеѓу КК „Чаир“ и КК „Работнички“, вработен како фоторепортер во кошаркарскиот клуб „Чаир“ влегол на теренот и физички нападнал кошаркар на гостинскиот клуб. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во билтенот на МВР.