Македонија освои седум златни медали на турнирот во Истанбул во џиу-џица!

Викендов во Истанбул се одржа многуте силен турнир во бразилска џиу-џица, од каде што репрезентацијата на Македонија се враќа со дури седум медали.

Натпреварот траеше два дена, во кои првиот имаше борби со кимоно (ги), а вториот борби без кимоно (но-ги). Нашата репрезентација ја претставија Даниела Алексовска, Ева Илиевска и Стефан Пецевски од најуспешниот македонски клуб “Д Стронгест”. Тие се претставија во најдобро светло, освојувајќи седум златни медали.

- Реклама -