Барнли постигна два гола во првото полувреме преку Гудмундсон и Матсен, додека победата ја запечати Тела во 71. минута од натпреварот.
Шанса на теренот доби и македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, и тоа по пауза од три месеци поради повреда.
Барнли има 44 бодови на првото место, по што следи Шефилд јунајтед со 41, а зад нив се Блекбурн со 36 и Норич со 35.