Пикфорд избрка камерман кој го снимаше расплаканиот Кејн (ФОТО)

Хари Кејн имаше шанса да биде херој на Англија, меѓутоа се претвори во трагичар против Франција (1-2) откако промаши пенал во 84. минута од натпреварот.

Кејн го реализираше првиот удар од белата точка, но не беше прецизен при вториот шут, а по мечот не можеше да ги задржи солзите.

Еден камерман сакаше да го сними расплаканиот Кејн, меѓутоа голманот Џордан Пикфорд не му дозволи и го избрка.

- Реклама -