Хендерсон: Дадовме сè од себе, но ова не беше наша вечер

Англија си оди дома откако вечерва загуби со 1-2 во четвртфиналето на Мундијалот во Катар, а фудбалерот на Ливерпул и англиски репрезентативец, Џордан Хендерсон кажа дека е разочаран по поразот.

Хендерсон смета дека имале шанси за победа, но не ги искористиле и на крајот морале да ја платат цената за промашувањата.

„Дадовме сè од себе, но ова не беше наша вечер. Имавме добра идеја, игравме добро и бевме гладни за победа, но мора да ѝ честитаме на Франција за победата. Сите знаеме колку пенали реализирал Кејн досега, сметам дека ќе се врати посилен по оваа ноќ“, кажа Хендерсон.

- Реклама -