Аргентина по три часа битка закажа полуфинале со Хрватска – јунак Мартинез (ВИДЕО)

Аргентина ќе игра против Хрватска во првото полуфинале на Светското првенство во Катар, после драмата и тричасовна битка со Холандија, откако триумфираше со 4-3 на пенали, после 2-2 во 120 минути.

Емилијано Мартинез е јунакот на Аргентина со два одбранети пенали во првите две серии за да продолжи сонот на „гаучосите“ и брилјантниот Лионел Меси кој со гол и асистенција беше главен на мечот додека Веиг Вегхорст со два гола во завршницата не направи чудо за „лалињата“ да се изборат за продолженија.

Мартинез им одбрани пенали на Вирџил Ван Дијк и на Стивен Бергхус, а за Аргентина погодија Лионел Меси, Леандро Паредес, Монтиел и Лаутаро Мартинез, а промаши само Енцо Фернандез.

- Реклама -