Тотнем го има најголемиот гаф во историјата – му честиташе полуфинале на Ришарлисон (ФОТО)

Лондонскиот премиерлигаш Тотнем го направи најголемиот гаф во историјата на фудбалот, вечерва пред да заврши четвртфиналето Бразил – Хрватска, откако на бразилскиот репрезентативец му честиташе – полуфинале.

Одамна е познато дека „прво треба да скокнеш, па да речеш оп“, ама после голот на Нејмар, во Лондон веќе проценија дека Бразил сигурно е во полуфинале, но Хрватска е таков карактер што не се предава, па израмни и на пенали ги прати првите фаворити дома.

- Реклама -