Миовски: Повеќе сакам трофеј со Абердин, отколку „златна копачка“ во Шкотска!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, кој има одличен почеток во славниот абердин со 11 гола во 15 меча и прво место на листата на стрелци во Шкотска заедно со Антонио Чолак од Глазгов Ренџерс, посочи дека повеќе сака трофеј со неговиот клуб, одошто индивидуално признание – „златна копачка“ во Премиершип.

Миовски експлодира во првиот дел од сезоната, па ни за половина година го сврте вниманието кон себе, откако за 625.000 евра дојде од МТК во Абердин, па пред паузата поради Мундијалот во Катар, веќе се појави првиот заинтересиран клуб за неговите услуги од „лига петка“ – француски Ремс.

Абердин има полуфинале против Глазгов Ренџерс во Лига-купот, а целта на овој клуб покрај недопирливите Селтик и Глазгов Ренџерс е – излез во Европа.

- Реклама -