Падна одлука: Флик ќе остане селектор на Германија!

Германија доживеа дебакл на Светското првенство (СП) во Катар бидејќи испадна уште во групната фаза, а денеска се појавија шпекулации дека селекторот Ханси Флик ќе замине од кормилото на тимот и дека негова замена ќе биде Томас Тухел.

Фудбалскиот сојуз на Германија ги реши сите дилеми откако соопшти дека му верува на Флик и не планира да му даде отказ.

„Мојот стручен штаб и јас сме оптимисти за Европското првенство. Како тим, може да постигнеме многу повеќе од тоа што го покажавме во Катар. Ќе ја научиме лекцијата“, кажа Флик.

Поранешниот тренер на Баерн Минхен ќе остане селектор на Германија до крајот на својот договор, односно 2024 година.

- Реклама -