Осми пораз за Порто: Девет одбрани на Митревски не беа доволни да го запрат ПСЖ

Порто го запиша осмиот пораз во Лигата на шампиони (ЛШ), откако португалскиот гигант загуби од француски ПСЖ со 33-35, иако македонскиот голман Никола Митревски запиша девет интервенции.

Екипата на Митревски делуваше дека конечно може да стигне до првата победа, откако направи серија од 5-0 и поведе со 8-3, меѓутоа парижаните ја стопија разликата на домаќинот, па дури успеаа и да направат пресврт (14-13).

Португалскиот тим на полувреме замина со водство од 17-16, но во вториот дел следеше одличен период за ПСЖ кој избега на пет разлика (29-24), по што немаше враќање за Порто.

Митревски одбрани девет од 35 удари кон неговиот гол, но тие не беа доволни за да се избегне осми пораз во групата А.

- Реклама -