Флик ќе добие отказ, а веќе е позната неговата замена на кормилото на Германија

Германија ги разочара своите навивачи откако беше елиминирана во групната фаза на Мундијалот во Катар, а цената на лошите резултати ќе ја плати селекторот Ханси Флик кој ќе заработи отказ.

Германските медиуми пишуваат дека Флик наскоро ќе биде отпуштен, а веќе е познат и неговиот наследник, а тоа е поранешниот тренер на Челси, Томас Тухел.

„Кикер“ објави дека Флик е подготвен да прифати отказ, а Фудбалскиот сојуз наводно ги договорил условите со Тухел и веднаш ќе го промовира на селекторското столче.

Според германскиот медиум, други кандидати за тренерската позиција во репрезентацијата немало бидејќи од федерацијата веднаш се договориле со Тухел.

- Реклама -