Досадната „тики-така“ е безуспешна: Шпанските рекорди во посед донесоа само – крах (ФОТО)

Шпанија со својата „тики-така“ доминираше во фудбалот во периодот од 2008 до 2012 година, кога освои две европски титули и една светска круна, ама играта со неверојатен посед над 75 отсто е безуспешна во моментов.

Делува зачудувачки како е тоа можно, ама Шпанија е најдобар доказ како огромиот посед не носи резултат, зашто „црвената фурија“ со два рекорди во тој посед во елиминациска фаза не успева да помине на СП. Вчера Мароко на пенали после 0-0 по 120 минути ги елиминираше Шпанците, а пред четири години домаќинот Русија истото го направи.

- Реклама -