Бабунски летово седна на кормилото, Победа ја направи „тврд орев“ за сите прволигаши, сѐ до почетокот на турбуленциите со штрајк и финансиската криза која после репрезентативната ноемвриска пауза, ги направи ранливи прилепчани, па сето тоа кулминираше со заминување на шефот на стручниот штаб.
Победа против Брегалница во Штип ќе ја предводи некој од помошниците, по што зимава ќе треба во најфудбалскиот град да бараат друго решение, ама прво да ги средат финансиските проблеми кои се сериозна пречка во трката за опстанокот.